крстопат (имн.) - на (предл.)

VI Уште една непреспиена ноќ. Уште една потрага по излез од крстопатите на цариградскиот лавиринт, од времето на Татковата бујна младост.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Привршија сите крстопати на земјата на кои, пред да продложиме, застанувавме како вкопани пред неизвесностите што ги таеја тие.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Душата моли а ти и телото твое одбивате да ја придружите, да прошетате... И еден сјаен потпис на остра веда на париското небо... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Како на пат кон рајот појде по булеварот Сен Мишел до истоимениот мост, кој се сметаше за вистински крстопат на книжниот лавиринт на париските букинисти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Палестинците пак ќе се најдат во стариот порочен круг на неизвесноста на мирот и војната, на нов крстопат на блискоисточниот лавиринт...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крајот на неговиот говор е пречекан со огромни овации. Но овој триумф беше минлив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И во животот на Албер Ками е предочен европскиот трагизам, во неговата лекција за апсурдноста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Париз е најдобриот пример за тоа, но Ками запира на Виена, како град крстопат на историјата, кога одекнуваат ударите на историјата, има ноќи кога небото се покрива со крв, камените коњи чиниш ќе полетаат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поради својата географска положба, Албанија, ма­кар најчесто изолирана, ќе остане на крстопатот на империите и цивилизациите, пишуваше Татко во прологот на својата Историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)