крило (имн.) - ќе (чест.)

Страшното рикање на брановите, таа силна бура онаа ноќ кога дојдовте на свет, тој голем страв, неизвесност, се губи мигум во оној час кога вашето светло, леко крило ќе го допре маѓепсниот бескрај на пространството.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мислев дека нови крилја ќе ни никнат, ќе не понесат натаму за каде деноноќно ни тупкаше срцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Штом ми пишете да си дојдам крилја ќе си ставам и веднаш ќе се најдам овде кај вас.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Австрија потпишала договор со Русија, дипломатите лошо се разбрале, се препиле, левото крило ќе го жртвуваме, непријателот ќе удри по него, а ние ќе го нападнеме центарот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но сега, Ве молам, пуштете ме да појдам, пак се нишам - бев толку уморен - на крилја ќе го минам патов - со мојот син меч од анемон - во попладневното струполување на светлината - во урнатините на југот - во облачјето што се распаѓа - распршување на челото - лутање на слепоочниците. Gottfried Benn, 1886-1956.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)