крило (имн.) - го (зам.)

Замина синот, небаре со мајкиното западно крило, кон Лондон, кон Западот на нејзините соништа, како што другото крило го однесе постариот син во Цариград, кон Истокот на најзините соништа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
В ѕидот, пак, ко в кафез птички крилца го кршат тие гласот свој. Ткаејќи, таа слушна плач.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но секогаш кога се приближуваше со чунот полн риба до контролорите кои требаше да му го земат десетокот за еминот, нему му доаѓаа пред очи некакви чудни слики на непознати места, некакви други рибници каде што тој ловеше сам во свој далјан, некакви други брегови и весла што со леснотија на крилја го цепеа среброто на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Крилото го става на левата рака, а ѓулето на десната нога, говорејќи го текстот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Жолта рачка како неговите нозе, а неговите бели крилја го прават чадорчето...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А замавот на крилата го следат отчукувања на срцето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Добар ден, - рече старецот носејќи го Роско в раце.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Се наведнав и нацртав на влажната земја авион, а на едното негово крило го нацртав за спомен Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Фучење: тој скокна; крилјата го голтаа и го милуваа свежиот воздух.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)