Колепка со божје ухание, Небесно, свето здание, Могила и ридание, Точка - крик и восклик, очудување, Вознес и восхитување, Точка - најкусо божје послание.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Селанки голи се капеа во реката, брзо езерце со песочно дно, смеејќи се со крици и покажувајќи си ги телата една на друга облечени во бледило од кое никнуваат поцрнети глави, раце и листови.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Со возбуденото ревење на некој што прв се разбудил во ноќта , со шушкавата химна на пламенот, се мешаат птичји крици и засипнато кучешко лаење.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А таа измешаност на болка и црн подбив кон жените и кон мртвите, или кон некои трети, што се живи и мртви, е нивен крик и нивно кикотење.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Така беше: турски јатаган му го ископа едното око на Арсо Арнаутче и ги раскрвави кого в рака кого в глава - Орлен Шумков, обајцата Онисифоровци, Куно Бунгур песнопоецот и Богдан Преслапец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можев да видам низ сивожолта зачаденост како бодат и како сечат крвави и песоглави и знаев дека тројцата Турци дојдени во селото под знак на своја ламтежлива правда не личат на себе - разлеано месо и бедни крпи се под сенките на ѕверосаните луѓе што се здружуваат во глутница кога се борат и самите за своја правда, и можеше да се поверува дека од криците и замавнувањата пукаат плитарските ѕидови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неподвижни, сè уште со згрчени прсти на десниците околу дршките на јатаганите, борците со распорани утроби 'ржеле еден на друг.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да оживувале старо заборавено оро на пагани што се игра по такт на крици и извици, се доближувале со челата додека се спуштале на коленици, и едниот и другиот со разголени заби и со блесок на модри белки под стиснатите веѓи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зарем, кога беа намамени џиновските туни и кога една по една беа умртвувани, не нараснуваше инстинктот на морнарите-рибари, во трансот на крици и движење да подземаат непознати сили од себе, да ја покажат конечната победа, триумфот на нивната матанѕа?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На оваа точка подоцна Август Рицман ќе крикне во воздух, подоцна ќе се лизне од жицата и ќе знае, иако нема да види, дека сета публика ќе го прифати неговиот крик, дека сиот циркус ќе стане само крик и ништо друго.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А потоа сите гласови одново згрмеа – плач и кикот, крикови и ревења, клокотење и фијукање, молби и тажачки, благодарности и проколнувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Клара го затвори прозорецот, и рече: „Сите нормални луѓе се нормални на ист начин, секој луд човек е луд на свој начин.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)