крик (имн.) - во (предл.)

Треба да се побегне од сето ова, од самиот себе, од сивите загрижени лица на минувачите, да се распливне човек и како смрт да биде неспособен да открие во човечките очи заклани соништа, да се распливне и да отпатува во неизвесност како облак во безоблик за да не гледа мртви птици во туѓи очи, за да не слуша крик во пресечени грла. И туѓи песни крик - Марлен, Марлен, Марлен!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повторно испушти еден од оние крикови во кои имаше значење, од кои Милан сфати дека мачорот беше вознемирен заедно со него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
ПОД ОДСЈАЈ
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега е доцна за мене да бидам јас, и само јас, и затоа мојот крик е крик во пустина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На шарени низи ноќе го бесат портокалот со дневен сјај на таинствен обред искубани птици никогаш мој до крај немаме крилца, немаме песна од разбеснет ветер крици во бескрај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Маслините во канти по патот, олеандри, крај морето етер со задсмртен пој се надига чекан над птицата- вампир никогаш, Солун, никогаш твој во срцето кол, на земјата патник. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 130
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мајка ми, овие таткови крици во утрините ги дочекуваше будна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)