Болестите се секогаш духовни кризи во животот, во кои старите искуства и фази се отфрлуваат за да се овозможат позитивни промени.”
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Саќето според Бојс е “негатив на камениот кристал”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бојс еднаш рекол: “работите во мене” - чувствата и физичката конфигурација која можат да ја симболизираат надворешните културни работи - мораа во потполност да бидат трансплантирани: некаква физичка промена мораше да се случи во мене.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Како еден од обидите за самоубиство е и фрлањето под воз кое порано во Македонија беше практика, но денеска може да се каже дека е сè поретко и тешко спроведливо со оглед на кризата во Македонски железници и само два воза кои сообраќаат во текот на денот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Не ми пречеше тоа што пробал да се самоубие, затоа што мислев дека е емотивна криза во која може да се најде секој повозрасен адолесцент.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ќе останеме со часови заглавени на булеваров, како во лош сон, мафтајќи со рацете и отварајќи ја устата како риби, обидувајќи се да го изложиме сопствениот план за разрешување на кризата во регионот.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Прашалникот го пресече снимка од социјален протест поради економска криза во земјата - нешто што наедно ме зачуди и израдува.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Сега сфаќам од каде потекнуваат сите проблеми и кризи во главата.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Комфорот во кој државата на братството и единството четириест и пет години ги лулкаше своите деца беше сѐ помал, а последиците на економската криза во која запаѓаше и земјата и сите тие со неа веќе беа видливи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Адаптирано: Голема е кризата во нашиот театар, па публиката е среќна кога ќе види како некои актери влегуваат во театарот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во 1999 настаните во СР Југославија, кризата во Косово и воената агресија на НАТО силите врз СР Југославија, го предизвикаа најголемиот бран на бегалци, околу 300.000.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Најголемиот товар од бегалската криза го поднесе Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Балканските војни предизвикале длабока криза во односите меѓу Австро-Унгарија и Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Проширувањето на Србија кон Македонија и формирањето на заедничка граница меѓу Србија и Црна Гора го спречувале продорот на финансискиот капитал и го оневозможувале територијалното проширување на Австро-Унгарија во внатрешноста на Балканскиот Полуостров.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Сметал дека тие биле виновни за кризата во Турција и му се чинело дека исполнува голем патриотски долг со тоа што ги мачи заточениците.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Некаде во седумдесеттите години, кога почна една од најголемите економски кризи во Југославија, Севда, постарата внука на мајка ми од брат ми Спиро, со семејството се пресели во Канада.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тоа е основното: мојот крик е човечки, против степенот до кој немоќта преовладува во културата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа е криза што може да се спореди со најголемите кризи во дваесеттиот век, со светските војни.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
За време на кризата во 1924 г., Илјаз Вриони повторно за еден кус временски период ќе биде на чело на владата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Напливите на исламскиот фундаментализам, по светската петролејска криза во 1973 година, во земјата во која за првпат во муслиманските земји на арапските простори, по радикалните реформи на Ататурк во Турција, по реформите и лаицизацијата на општеството, замислени и спроведени од таткото на нацијата Хабиб Бургиба, започнаа да ја разделуваат земјата и да ги загрозуваат фундаменталните придобивка на револуцијата на Хабиб Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но како да не беше свесен дека не можеше да го продолжи своето дело над своите биолошки и ментални можности.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Медицинскиот државен удар ја спаси земјата од неговите илузии да го стигне местото во историјата, за кое повеќе немаше моќ, со што можеше да ја загрози стабилноста на малата држава под налетите на исламскиот интегризам кој експлодира во светот по големата петролејска криза во 1973 година.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ова е случај од праксата на АВРМ – Центар за вработување Велес, и тоа во повеќе приватни трговски друштва кои, поради економската криза во 2009, беа „принудени“ да ги отпуштат своите вработени.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Големиот метеж што настана на тоа имагинарно место на општествено средиште ги открива најдлабоките слоеви на кризата во која се наоѓа хрватското општество.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
И јас имав еден таков период на криза во Калкута кога постојано ми се спиеше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)