Работи кои нервираат, ама не многу кога твојот ред во банка се движи побавно од сите други; кога ќе облечеш нешто наопаку; кога било притиснато на CapsLock; што никаде не се наоѓаат женски чевли број 41, а подоцна на распродажба се останати само од тој број; кога некој интересен филм постојано го фаќаш од пола; кога помеѓу сите можни шампони во продавницата се потрошил баш твојот; кога сред презентација ќе ти откаже видео бимот; кога некому ќе му кажеш дека нешто "мора" а тој ти одговара со "се мора само едно"; кога ДВД-то сецка сред порнич; кога ќе ти избега мисла; кога очекуваш мејл а тој отишол во спам; кога детето нејќе да ти заспие а ти паѓаш од умор; кога таман си се стуткал во топлиот кревет почнува да ти се моча; кога си на глуп состанок а надвор пука сонце. кога некој постојано ти вели „ај ќе се видиме“ а тебе ти иде да речеш „е добро де, кога??“
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)