Нешто се случувало со него. Со рацете на сонот што се распламнувал во неговата крв месел како од две бели теста величествени облици на двоимено суштество - Ганка-Фиданка!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но не го гледал бавното движење на бубачката туку проценил: младите раце му биле калапи во грч за облици што ги сонувал тогаш и подоцна, со дни, со години, до крајот на младоста и до крајот на втората младост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)