кратење (имн.) - на (предл.)

2. Права и обврски на работникот а) До кратење на дотогашните права на работникот дојде со измените од февруари 2013 година, кога рокот во кој работникот има право на приговор до работодавачот против одлуката за отказ на договорот за вработување беше скоро двојно(!) намален, од 15 на 8 дена од денот на добивањето на одлуката за отказ на договорот за вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во овој случај кратењето на дотогашните права е во две насоки: прво, порано рокот беше подолг и, наместо осум, изнесуваше 15 дена (чл. 144, ЗРО/03 – Пречистен текст); и, второ, беше избришана одредбата која на поднесеното барање му признаваше суспензивно дејство, односно пропишуваше дека поднесувањето на барањето го задржува извршувањето на одлуката – сè до донесувањето на конечна одлука кај работодавецот, освен во случаите утврдени со закон; б) втор инструмент се приговорите против одлуката за отказ, било да е со или без отказен рок; како и против одлуката за суспендирање т.е. оддалечување или времено отстранување од работното место (чл. 91 и 93, ЗРО/05); в) трет инструмент е тужбата за покренување на посебна граѓанска судска (парнична) постапка, со која се иницираат т.н. работни спорови (чл. 181, ЗРО/05); 28 и г) четвртиот инструмент, по ново, е спогодбата т.е. „компромис“ за доверување на настанатиот спор на посебен мировен совет, доколку станува збор за индивидуален спор или, пак, на арбитража – ако станува збор за колективен спор (чл. 182-183, ЗРО/05). 29 28.  Со својата шеста одлука по повод ЗРО/ 05 (У. бр. 188/2006-0-0 од 4.IV.2007)
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)