Тој е од онаа група луѓе што ги има во нашите краишта и во оние преку границата, а кои ја задржале православната вера, но јазикот го изгубиле, за разлика од онаа друга група, чии припадници пак преминале во ислам, а го задржале својот јазик.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Милан го осудуваше Јована за предавство, овој Милана за кукавичлак што избега во Бугарија и го остави него на цедило, и на крајот на краиштата и Милан виде дека Јован си имал право донекаде што се предал, бидејќи друга глава немало во торбата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вртевме, вртевме над северните краишта и запиравме на она место каде што Васе ќе прочиташе замуцнато: - Лап ... Лап ... - толку е ... - ја оставаше книгата Васе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)