коњ (имн.) - не (чест.)

Куле е кус како копан, одвај од земјата се одделува, ама кога ќе тргне, ни поповиот коњ не може да го стигне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе дојде... Толку брзање не треба, А како велите вие каурите?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Ни кола, ни коњ не може да мине... - се жалеше коџобашијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Попставревци - коњи не ги стасува: ете, и Робе им направи чест. Сега уште зетот со сватовите да стаса...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се уривале еден со друг, никогаш позли, со груби гласишта слеани во една невозможна, збревтава и скоро бесмислена реченица: За душа на Јане Крстин, в око, рамно в око со тој нож.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Човекот не го слуша веќе. Ни коњот не го слуша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Коњот не се помрдна. – Удри по мускулите. – рече братучед ми Мурад. – Што чекаш?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наместо да трча низ полето, кон каналот за наводнување, коњот трчаше по патот кон лозјето на Диркан Халабијан, каде што почна да ги прескока лозите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)