коњ (имн.) - ми (зам.)

Турчинот, со црвениот коњ се доближи до нив, го запре коњот и викна: - Стојте, бре, проклета ѓаурска, веро!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Не! Твојот коњ ми ја испаси ливадата! - се прчеше вториот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Па ете, овде значи, мојата посета е завршена, повторно без потреба ме намачија; на тоа се навикнав; со помош на мојот ноќен ѕвонец ме мачи целата околија, но овојпат морав да ја жртвувам и Роза, таа убава девојка, која години и години живее во мојата куќа, а јас не сум ја ни забележал, – ова е веќе преголема жртва и јас морам да ја соберам сета своја досетливост за да пронајдам некакви остроумни објаснувања за да не го нападнам ова семејство, кое дури ни со најдобра волја не може да ми ја врати Роза.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Оди, човеку! Каков коњ ми споменуваш? Ќерка ми уште не е за мажење. Ми треба таа и мене, да испере, да искрпи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас немав коњ за зет, па коњ ми даде Николе Солески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Коњот ми пцовиса, а во селото нема никој кој би ми го позајмил својот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)