Египетските хиероглифи Во Египет околу 3.000 г. п.н.е. се развила една форма на пиктографија која подоцна го добила името хиероглифска (од грчките зборови „свети врежувања”), поради нејзината изразита употреба врз храмовите, гробниците и на други специјални места.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тоа е прастарата гностичка слика која подоцна, со посредство на неоплатонизмот, повторно изнурнува во филозофско-метафизички контекст околу 1.500 г. во Фиренца: Платоновата “златна нитка”, Хомеровиот “златен ланец”.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сега, по толку време, не знаеше дали токму некој од нив двајцата, татко му или Гамалиел, неговите први учители, кај него ја всадил онаа безмилосност со која подоцна ги прогонуваше христијаните до смрт, или пак неа отсекогаш самиот ја носел во себе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тој и на Симона му дал прилика да учи, но овој последната година го запустил учењето, бегал во Долнец, вљубен во едно девојче, ќерка на служителот на училиштето, која подоцна заминала за друг.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Набрзо потоа ме утеши, а дури и ме зарадува мислата дека сигурно имала бурна ноќ, за која подоцна со нетрпение ќе ми раскажува, па утрово се вратила во својата драга постела, да го досонува остатокот од животот ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Но кога н напушташе засекогаш, нашиот татко, како да ми ја оставаше во наследство својата француска врска која подоцна ќе му овозможи да ја открие и одржува цариградската за да му заврши животот во егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Можеби причината беше немоќта да се создаде новиот идентитет на југословенската федерација на народи и народности врз хармонија на разликите, низ граѓанскиот демократски модел кој фаќаше корен во земјите во кои се урнуваше еднопартискиот систем, а не врз хиерархиска предодреденост на народите, врз потрага на конфедерален излез и други амортизери на монистичката исклучивост, која подоцна ќе мине и во националистичка еуфорија за владеење над своите и другите!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Размислував за причините, за крајот на земјата која ја претставував, во која ретко кој не веруваше, макар и нејзините жртви?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во август 1935. година, доби силен напад од болеста позната како склеродерма од која подоцна, пролетта 1940, почина.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во своите последни и најпродуктивни години, Кле се подложи на спиритуално преиспитување на „детското” во себе, истовремено соочувајќи се со веќе лебдечката смрт. 108 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Текстот му стана интересен веројатно поради лично ненужниот податок дека кучињата во животот на луѓето се појавиле пред 14.000 години, од увидена потреба, но, веројатно, и поради некоја ирационална љубопитност во обидот да ги припитомат, и од која подоцна произлегла потребата за одбрана од дивите ѕверови.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Темата на уметничките дела беше одлучена во соработка со хуманитарна организација, која подоцна испрати странска помош за земјата на потекло на уметникот.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Интервенцијата беше врз основа на исклучок во законот за имиграција со кој им се овозможува на странски уметници да останат во Австрија сѐ додека тие можат да издржуваат од својата уметничка дејност. WochenKlausur најде спонзори за странските уметници (бегалци) кои ја нарачаа нивната „социјална пластика“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)