кој (имн.) - шеесетти (прид.)

Во историјата на модерната уметност три основни извори се земаат како најважни за настанувањето на денешниот мејл-арт: Њујоршката дописна школа на уметноста (New York Correspondence School of Art), основана 1962. од американскиот уметник Реј Џонсон, чија активност се состоела во праќање на сопствените колажи на одреден круг пријатели и уметници (вкупно имало стотина вклучени), по што добивал уметнички одговори; потоа е важно француското движење Нов Реализам (Nouveau Realisme) во рамките на кое во почетокот на шеесеттите Ив Клајн и Бен Вотје создаваа „поштенски скандали”; третото движење е меѓународната група Флуксус (Fluxus), која шеесеттите години работеше врз испитувањето на пропусноста на поштенскиот медиј како и на парафразирањето на неговите средства (марки, печати, дописни картички итн.).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)