кој (имн.) - свој (прид.)

Кирчо Арсовски токму е солиден претставник на една таква автентична андерграунд „поп-струја“, која својата кулминација, во глобални рамки, ја доживеа низ творештвото на Ворхол, Дејвид Линч или Тарантино.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Салата во тој момент занеме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беше 15 мај, топла четврточна вечер, првиот свечен ден на Европскиот месец на културата Љубљана 97, онаа културна манифестација којашто настанува под закрилата на Советот на Европа, политичка творба која својата присутност на светската мапа ја зацртува и за помалите, неважните, зависните, подредените, банана држави.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гоше за оваа работа добиваше надомест (така тој го нарекуваше) од Азра која својата дејност ја одвиваше во договор со Тихомир од една, и со Андон Клековски, од друга страна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Наглас се кажа она што тој со денови го мислеше, неправдата што го гореше, агресијата врз неговиот личен и национален мир која не можеше да ја сфати, како што не можеше да сфати со која своја постапка, како човек или како Македонец, тој придонел да се најде во оваа ситуација.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Освен тоа, една од работите што најмногу ù недостасуваат на раскашавената култура на овој „смачкан народ“ (в. Б.Конески) токму е поп-уметноста, која подлабоко и психолошки поуверливо се ситуира во одреден културен државен концепт.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)