И така, редум пред мене, секоја нова приказна беше како сјајна и чудесно шарена, нова крцкава бонбона, која те предизвикува да ја пробаш за да ѝ го почувствуваш единствениот вкус, кој е секогаш толку различен, но и така сличен по некој состав и по мајсторлак познат само на создателот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Чекав доволно долго да го оживеам срцето и после среќниот, страсниот, возбудливиот и сочниот заплет на вљубувањето следи, тешкиот, измачувачкиот и замрсениот расплет на излекување на овие длабоки рани, болка која те обзема кога очајнички ќе се обидуваш повторно да пронајдеш среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Да, можеби понекогаш кај луѓето предизвикуваше внимание со твојата истоштеност, но јас, која те гледав секој ден, бев навикната на тој твој лик и знаев дека правиш падни-стани, ќе те фати слабост, изнемоштеност, но потоа пак ќе се подигнеш - како некој феникс.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Кога до коска ти се повредени чувствата, наместо рационално размислување, секоја клетка ти е исполнета со разочарување, животот ја губи секоја смисла.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дали каокаинот е онаа моќ која те подготвува да го земеш лакомо, дали тапоста на хероинот е она поради кое целата работа ти се чини посериозна?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)