Алузијата е очигледна. LE ROBINET (“чешма, славина”), се однесува на пенис, а реченицата го изразува Дишановиот став за сексуалниот нагон како за заморена функција и органски фатализам, како за интелектуална и физичка преокупација која ние, сакале или не, ниту можеме да ја избегнеме ниту да ја негираме. L’ASPIRANT HABITE JAVEL ET MOI J’AVAIS L’HABITE EN SPIRALE!
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ние во Европа и во Северна Америка сме колонизатори, и за да ја сочуваме онаа запрепастувачка слика што ја негуваме за себе, а според која ние сме дар божји за најголем дел од прегладнетото човештво, приморани сме сопственото насилство да го восприемаме како да е насочено против самите нас и против нашите деца и овој процес да го објаснуваме со помош на беседи за моралноста.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И шампанско по цена со која ние ја плаќаме водата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Низ која ние влеговме?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Се зборуваше дека жените шетаат од другата страна на зградата на која ние гледавме само мали прозорци опшиени со мрежи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Затоа треба добро да се размисли пред да се посака нешто – продолжи старецот. – Тоа е нашата природа, која ние сами не можеме да ја разбереме.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Слугите биле префрлени во „дел заслуги“ во сутеренот, веднаш до кујната и визбата, што е уште еден важен прекин со дотогашната традиција во Англија ( а која ние сега ја прифаќаме како да постоела отсекогаш – во типично англиските крими-приказни, слугите се „долу“ и тука озборуваат, а горе, во холот, батлерот во бели ракавици ги најавува гостите аристократи).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Снопчиња сино полско цвеќе (им го заборавив името), прилично наконтени за своето потекло, ги дошминкуваат приодите до главните „ѕвезди“: бледите божури, кои ги нарекуваат „полски“, старомодните рози, вечерните јаглики...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)