кој (имн.) - оди (гл.)

Присуствуваме и на економска глобализација и на културна трибализација која оди во спротивниот правец.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мајка му се облекува, ја зема големата торба со која оди на пазар и излегува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Според него, повлечените граници биле узурпирани, а фактот што немало „независна македонска држава“, според Еванс, не бил резултат на отсуството на македонскиот патриотизам туку со право може да се смета дека е тоа „една од грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ова е нешто ново во однос на што ние не знаеме како да се поста­виме, бидејќи целокупната досегашна социологија беше применувана на состојбу каде што трите споменати аспекти беа обединети.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Исто така ја забележал и македонската освестеност, „која оди подалеку од локалниот патриотизам“ и дека нивните тежнеења се „насочени кон слободна и обединета Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Можеби крајната линија по која одиме како златна сребрена нишка која се лелеае во воздухот со боси стапала фокусирајќи се како да го изведеме тој чекор кон помирување по кој толку долго копнееме е напор кој ја издига целата сила од нас за да ја вратиме рамнотежата за да не паднеме во бездната и да си го вратиме животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)