Си го пробија патот низ преполната просторија и ги растоварија подавалниците на масата со метална површина, на која на едниот агол некој истурил баричка од манџа, нечиста течна маса која личеше на повраќаница.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога понекогаш проѕирно ќе погледнев околу себе и во светот, ќе украдев неколку часови од животот, ќе слезев во ладните ходници сосема длабоко, таму каде што отсечените и отуѓените делови од моето срце и душа во темните огледала ја добиваат својата совршена слика која личи на мене, на тоа што бев тогаш кога знаев што сакам да постанам, кога имав силна причина за живеење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Илјада километри тишина, копнеж и безумие од страст за допир.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)