Сфатив дека нашата персонална „реалност” е мошне зависна менлива, исход или продукт на чинители кои, како што изгледа, не зависат од оваа „реалност”, туку постојат во некоја независна „реалност”, која делува врз нас, но е вон нас.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кај шизофреничарите двата главни мотиви се вообличуваат во единствена сила која делува во насока на создавање на состојба на смрт-во-животот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Ние“ сме од истата работа од што се и соништата, можеби и повеќе одошто можеме да замислиме од што се изградени соништата.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Можна е уште подискретна форма: другото уво-лавиринт води во една просторија-ќелија која делува како звучна комора, засилувач.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)