Процесот на словенското раселување започнува во IV век и веќе до VI век Словените се населиле на левиот брег на Дунав и станале соседи на Византија која владеела со Балканскиот Полуостров.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
А што се однесува до анархијата која владее, како што велите, во оваа земја, тоа јасно се гледа и од краткиот напис којшто магазинот Телерама му го посвети минатото лето на Патрик Крисман и што ви го испратив (се надевам дека сте го добиле).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ридот Цион е мајката на Израил, Ерусалим е центарот на светот, можеби е ова времето кога вековно прогонетите, страдната дијаспора, вековно расеаниот Израил конечно ќе се врати кон матицата, барем духовно обединет околу неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Затоа во општествената темнина која владее, делата на Ерл Браун, Мортон Фелдман и на Кристијан Волф и понатаму претставуваат блескава светлина, затоа што, во извесни точки на запишување, изведување и примање, тие се една провокативна акција.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тогаш Корец почувствува дека е време да го активира знаењето стекнато на високите рабински студии, неговата реторичка вештина со која владееше врвно и која, знаеше, имаше сила да поведе колку и да заведе: „Мој сон е, учителу, конечното остварување на спој меѓу одамна поделеното западно и источно еврејство, големата унија што ќе нѐ сплоти во единствена нација, во нацијата на одново собраниот Израил”. Погледот на Апфелблум се спитоми.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)