И можеби не само за тоа додека за миг се наднесуваше над мене и ги криеше со влакнестиот подбрадок и своите очи и птиците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Затоа што истиот некаде го има опишано својот ноќен кошмар во кој некои луѓе се обидуваат насилно да влезат во неговиот стан за да го - шампонираат!
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Уште еднаш ме измами некоја сила од некој кој ние не му го знаеме местото и големината или некоја сила што и без наша волја се создава во нас и не фрла од кошмар во кошмар .
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Можеби се плашеше од тајната што ја очекуваше да ја впие со црните ноздри како мирис од засечена афионова чушка, тајна, за мене веќе помала од светот на рамностапалчестиот Марко Марикин и понезначајна од кошмарот во чии пени вријат крвави, распердушени и испокинати орли и штркови со очи црвени и слични на парче кора од печен рак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да се биде луд - тоа е слично на еден од оние кошмари во кои се обидувате да повикате за помош, а никаков глас не ви излегува од устата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)