Биле ветроепци: кога не им се работело, местеле по ридиштата примки за еребици, барале рекички од кои со приготвени кошови ќе извадат риба или во шумата покривале со лисја стапици за дивина, па фатиле болвлива лисица и срнец со бел задник. Лапале и полжави и желки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Биле вешти занаетчии: за малку леб од вршник, варен компир, изварка со лути пиперки или пресолена пастрма, ги прекројувале нагнилите куќни покриви, ваделе за две деца беневречиња од стари таткови или дедови тулуми од тежок валавичарски шајак, крпеле или делкале нови каци, крбла, корита.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Често дипломатското време си го претставував во споредба со минливиот живот, миговите на расцутената минливост, како една стуткана телеграма, која наместо да се фрли во кош ќе заврши во некој дипломатски архив, која можеби никој и никогаш нема да ја прочита.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)