котел (имн.) - вода (имн.)

Само чифчиите и комшиите фрлија по некој и друг котел вода, но и тие се насладуваа на пожарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Доксиме, велам, донеси еден котел вода! - Зошто ти е вода, вели Доксим Тренчески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Продолжи, свртувајќи ѝ се на Доневица:- Туку и котел вода да ставиш. Нека се заплакнат децата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И полнам котли вода на јазот, редам дрва, дувам во огнот, барам сапун, црпка, копанка, и си ја слушам душата. Ја слушам и ја збирам. * * *
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но тој не знаеше дека додека младите газеа лепешки, бабите, во пондилите, топлеа полни котли вода, во која имаа ставено и боливач и босилек, за приквечер, кога снаите и чупите ќе ги изналепеа лепешките, да се измијат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)