кота (имн.) - на (предл.)

Климент Камилски, според планот, сакаше да го провери живото постоење на централните набележани заемки, како што се покрај чаршијата и еснафот, уште и ќерпичот, сокакот, маалото, капиџикот, калдрмата, кааван-сарајот и други, кои требаа да бидат и коти на прошетката со Татко во стариот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше подготвен да ѝ придаде на заемката ќерпич многу пошироко и поголемо значење, историско, дури, како што му се изрази на Татко, и филозофско значење, поинакво од што таа предизвикуваше на прв поглед.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откај Храдчани, врвната кота на градот на Влтава, што ја сечат дваесетина мостови, се гледаат врвлестите црквени кули, кои го парат небото, а една од други пораскошни и поубави.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само тој би можел да ги знае тајните коти на пристигнувањето на другиот брег на надежта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во еден период, најчесто ја кажуваше поговорката: Shqipëria nje pëllëmbë e ngriti boten në këmbë! (Албанија, педа земја, сет свет на нозе го крена!) Татко, во тие моменти, ќе ја погледнеше, небаре отсутно ќе се согласеше, во потрага по новата кота на нашиот егзил, а ние, децата, настојувавме во разните фази од животот, вистински да ја протолкуваме Мајкината поговорка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)