костен (имн.) - и (сврз.)

На местото на семкарата карши Градежен сега има фонтани, а порано печени костени и сокчиња од сируп со сода секогаш земавме различни за да си делиме.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Преку ден сонцето блескаше по врвовите на костењето и фрлаше шарена сенка под стеблаците.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Понекогаш ме земаше в скут, и додека седевме крај прозорецот зад кој врнеше снег, таа ми раскажуваше бајки во кои доброто секогаш го победуваше злото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако не ви е јасно, јас ја носев најголемата торба, а се подразбира дека ден денес ги жалам коледарите со полни торби ореви, костени и портокали.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Понекогаш ме земаше в раце и излегувавме од дома и минувавме покрај дрворедите; со едната рака ме придржуваше, притискајќи ме на своите гради, а другата рака ја испружаше високо, откинувајќи цветови од најниските гранки на липите, костените и багремите, а потоа ги ставеше цветовите меѓу нејзиното и моето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)