Со тоа светот ја презема структурата на космосот на броевите, што резултира заплеткани сознајни проблеми, бидејќи, како што се покажа кај сметачите, калкулативното мислење на светот не е способно само да раздвои (анализира) на составни делови, туку е способно и повторно да состави (синтетизира).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Возбудениот космос на нашата надеж Загрижено го крие списокот на нештата Што не смеат да заминат в темнина Списоков засекогаш треба да остане во раката на сонцето:
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
По игра на случај, застанаа пред излогот на една книжарница во кој, меѓу другите книги, се наоѓаа и бројни трудови за разни врски меѓу науката и уметноста: Уметност и физика: Паралелни гледања на просторот, времето и светлината од Ленард Шлејн; Книжевноста во квантниот космос на Сузан Стрела; монографии со величествено сложените Манделброови фрактали, како компјутерски генерирани, така и фотографирани во нивните многубројни природни манифестирања; конечно, mirabile dictu, календар за следната година илустриран со Да Винчиевите цртежи на разбранувана вода.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)