20. ЈАЗИКОТ КОСКИ НЕМА, НО КОСКИТЕ ГИ КРШИ - така да беше денеска многу ќе имаше и мрши, но, еве, тој е хуман и друга функција врши: му мести коски на светот за утре да ги скрши...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Виртуоз на дијалогот: залажува и залижува зборува и о-зборува во уво се вовлекува дршка од цреша во јазол врзува; Коски нема, а коски крши.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)