Нашинци, селани, Турци и Арбанаси, а најмногу Власи, па и по некој дубровчанец во таа нивна китнеста одора, туку влегуваа и излегуваа од опулот на Петре: големите зулуфи им стрчеа како сабји, долгите косишта им правеа цели кошари на главите, и тие намќоресто се пазареа гледајќи го него, не грнците и вината, така што можеше лесно да му се збоктиса - ама нели си имаше план Петре, сè беше готов да издржи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)