коса (имн.) - собран (прид.)

Тие имаа само црни стада, а убави бели жени облечени во убави алишта, сѐ рачно изработени, косите собрани во пунџи, до нив малите деца и ги водеа коњите покриени со тие нивни познати јамболии.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Забележливо витка. Грациозна. Чекори полека. Достоинствено. Фризурата крената; косата собрана на темето. Разголен врат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се сеќавам на тебе со коса собрана под сивата беретка, се сеќавам на рефлексијата на твоите високи монголски јагодици во излозите на древните дуќанчиња.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во последниот дел од вечерта како модели за најсвечени пригоди беа прикажани и тесни црни или темно лилави фустани кои многу јасно ја истакнуваат женската фигура, горе затворени со набор од копченца од страна, со косата собрана во завиткани локни на секоја страна и високо дигнат тесен шешир со две,три или четири машнички од страна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)