коса (имн.) - кој (имн.)

Солзите не можеше да ѝ ги види, ѝ го гледаше само профилот, подбрадокот што го пуштила во текот на овие години и побелената коса која никогаш не ја обои, стокмена во кратка и уредна фризура, направена специјално за венчавката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од неа се изли црна виткана коса која добро пасуваше со корсетот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Неговата поранешна жена седеше од другата страна на преминот меѓу клупите, до својот сегашен маж.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Имав квалитетна и многу долга коса која ја бојадисував со кна која и даваше сјај и боја на махагонија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Лежеше на стомакот, нејзиното дишење го креваше белиот јорган во правилен ритам, а лицето не можеше да ѝ се види од црвената коса која се имаше распослано на перницата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)