И не е чудно дека ракот наречен бирократија својот корен го влече одовде, заклучувам и ми станува смешно затоа што од логичното правам парадоксално: па сигурно дека коренот расте од земјата!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
За да го долови подобро и подлабоко значењето на зборот инает, тој се обиде со помош на своите речници да го најде во превод во четириесетина јазици, но со ист корен го најде само во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Контрастот што се укажува помеѓу волјата на Алзашаните и нивните воинствени корени го приморува Ренан повторно да го промисли она во што беше сигурен.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Камилски се обиде уникатното значење на инаетот во балканската архетипска ментална конституција кај одделни народи посебно, да го поткрепи и со неколку фразеолошки докази.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XXXVII Чувството за враќањето во земјата на корените го обземаше секого во семејството, но и го напушташе на посебен начин и во различни периоди од семејниот егзил.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Маркос слушна уште од Захаријадис дека ДАГ „и покрај тоа што е револуционерна армија, во техниката на водењето на војната е роб на буржоаски предубедувања кои во поголемиот дел својот корен го водат од ЕЛАС.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
18. Времето се грижи за зборот зборот што го обновува Тој што му длабеше во корењето го гради доградува и виши во куќата на светот Вербата штира не е Ни неверен е зборот Убавината да му се верува на надежта е врсник И онаа земја иловица густа раката што му ја памети се врти врти и понатаму во лика нова нудејќи ја светлината нова на говорот ризата небесна нитките што ја ткаат на несвенатиот збор И уште и натаму сега од пределите на глината над запомнатата стреа продолжува тој кон муграта да гледа со стрептеж незгаснат за повтежот на говорот да го досегне реченото
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)