копче (имн.) - од (предл.)

Капата накриво, црната коса развеана, две копчиња од кошулата откопчани, ветрецот ги фрла настрана полите од војничката блуза и под кошулата, во ритамот на чекорот, потскокнуваат јадрите момински гради.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Копчињата од крагните немаа што да стегаат – шиите веќе ни беа обесени.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кога наскоро почувствува како му станува, ги премести двете раце врз горното копче од шлицот на нејзините фармерки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Не знам“, рече таа тргнувајќи го погледот од него и фаќајќи се за копче од блузата да ја призакопчи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Плачот на хармониката со многу копчиња од седеф ги растажуваше и им ја распалуваше крвта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му ја гледаше само левата страна од лицето, побелениот мустаќ млитаво виснат, металното копче од блузата жолто блеснато како око на мачка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Една жена само си ги брои копчињата од фустанот: ќе ме земат, не ме земаат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Па види ги, ми вели Мирковиќ, удирајќи со прстите по копчињата од шинелата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)