Тоа беше вест што убиваше, вистинско сознание во пијанство пред кое и рамнодушноста запенува и се пропнува како исплашен коњ. „Тој те пцуеше“, чу и се тргна, ги спушти од дланка двете копчиња во празната чаша.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Оној што ѕирка (низ една од дупките избушени скоро како за објективи на камерите) е Дипигус, се разбира.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кога останува сам, Сенка, притискајќи едно копче во масата, целиот огромен ѕид отспротива го претвора во големо огледало кое сега ја отсликува целата долга маса со тринаесет столови, и господинот Сенка во центарот, сличен на некој чуден светец, но сепак повеќе, така сокриен од светлината, налик на дамка од разјаденост врз површината на огледалото, или пак како давеник во таа живина локва, „чии испарувања, кога-тогаш, ќе нѐ задушат сите“.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Следното утро, прво го здогледува Градот, и разнобојните копчиња во него, вчерашните противници, заспани еден крај друг, далеку од ѓаволот и болот.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ги стискаше двете искинати копчиња во влажна дланка и веќе не мислеше ни на Никола ни на себе и заборави дури дека со него седат и неговите верници во чии грла разузданоста на таа вечер без мера сипуваше ракија.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)