Сопственото јас е сето обземено со копнеж за храна, но храната треба да биде уништена или таа ќе го уништи.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ако тргне надолу, по патот покрај брегот, набргу ќе избие на границата, а не беше особено страден по средби со властите и нивните органи, а не гаеше ни тајни копнежи за бегство по Америки; ако појдеше нагоре, над низата викендички меѓу скоквите и желките, отаде голиот рид ќе се изгубеше во фронтовските ровови од Првата светска војна, низ кои уште можеше да се сопнеш од некоја рѓосана граната или барем на закопани чаури, од пушки до топови - за што инаку требаше да си подготвен, а не вака разгаштен за летување.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Пеат рововите и земјанките и ширум ја разлеваат тагата - копнеж за Тина, Тинка, за Тана, Фана, Донка, Севда, Маре... Оф, оф севда пуста по една, севда голема по сите...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И продолжи да чита: „Првите седмици поминати во притвор силно тагував и копнеев за сѐ, но најмногу, што е сосем природно, за своите најблиски, но не само за нив: тоа беше копнеж за многу конкретни нешта, атмосфера, средина, врската, ситуацијата, доживувањата итн.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)