Можело да се очекува дека неговите маки еднаш ќе се споменат со гускино перце во некоја библија над чии страници ќе липаат поколенијата; но сѐ ќе било попусто и веќе никој не ќе можел да му ги смекне раните на душата што со копнеж се стремела кон височини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лектира
кнезу Репнине
пукната калино во мозокот
црвено во копнежот се всадуваш
прибираш сѐ што е светло
безграничен
меѓу корици
мирисаш на бебе
те канам
чај да се напиеме
зимата да ја згаснеме
небаре жед
ти седумдесет и шестата
јас тебе
да те видам
меѓу луѓето немаштија
во мене исто така
- има што да видиш
дождот се самоубива кога врне
за да постои мора да врне
зли абери како метафори ме следат
ѝ се ближи крајот на неизвесноста
репнине
литературо!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И моето срце беше немирно заради помислата дека, ако сакам мојот живот да го наречам живот, ќе морам да го напуштам домот на родителите, и да ја барам, а не знаев дали ќе ја најдам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Беше бестелесна, а сепак сиот мој копнеж се впиваше во неа, затоа што знаев дека, некаде на светов, таа има и свој телесен облик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Парчињата од искршените соништа ги сокрив под тепихот за да глочкаат и крцкаат, секојпат кога копнежот се прикрадува на прсти.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
4. Ноќе да се чекори тихум муграта додека огрева отсекаде Сѐ од извор еден што потечува и утока една сал знае Во невиделото на темниот молк сѐ е кон сѐ затворено и сите страни на светот во една точка на копнежот се збрале на сонцето денот да му го понадат Шумата само чекорите на живинката ги познава и крилата вишно што се будат лазурот небесен го симињаат во пастелот на ведрата биднина Часот е тоа кога се живее и пее во мракот на успаните гори на високо Градите тишината ги полни со говор нов на утрото Гороцвеќе и божила му даруваат веќе на гласот со грстови што се истура во пристанот во чеканиот под гнездото на будната трепетлика
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Пиел со ситни голтки и се сеќавал за дел од својот живот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сите нејзини мечти, сите копнежи се содржеа во еден единствен збор: балет.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)