копито (имн.) - на (предл.)

Те гледам се молиш покрај една света рака И во копитата на коњот што го враќа твоето момче Има многу ѕвезди и – амин меѓу ѕвездите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Како да го заборавам неговото мало муцунче, неговата мека кадифена козина, ишарана со два реда бели дамки, неговите витки ноџиња со жолти копитца на врвот? Како да го заборавам?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И ме газеле копита на арапски коњи, далеку од сите оази на светот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Онисифор Мечкојад ја бутнал вратата со нога (светецот се затетеравил од ударот, копитото на коњот се допреле до аждерот) и влегол во одајче претесно и за џуџе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Есента веќе одминуваше, ветриштата се заменија со магли и дождови, главната улица се претвори во батак што само тркалата на запрегите можеа да ја плискаат лево и десно, како и широките копита на коњите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
62. Најдобриот начин некој да успее во качувањето на брегот е да биде рицар во полн оклоп - таков што од ударите на копитата на неговиот коњ врз падините на брегот молскаат искри.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога ќе напаѓаа големи снегови, по кои ние израс­навме, секогаш гледавме во нив да не ги откриеме трагите од копитата на козичката Мила, која сигурно го бараше учителот, неговите деца, сите нас од времето на козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се креваше дамна некренатата градска прашина од копитата на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се плашеа нивното дете да не се најде под копитата на неговиот буен, преубав бел коњ.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На мала цврста лединка прскаат жолти сонца под копитата на гладот Темни концентрични тежини бујат над пејсажот зрел што плаче со искри од леб Луд виор од млади надежи сонува шарени звуци – широка песна на ветрушка Огромни товари ден лазат по долгиот пат од солзи и од смев
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)