копање (имн.) - на (предл.)

Веселбата на погребот се зголемуваше, ако при копањето на гробот за да се стави мртовецот, се најдеа шишиња со вино закопани некогаш заедно со мртовецот, на кого коските му изгниле, а тие останале.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Овој човек, вака слаб и жилав, триесет и две години стар, нехранет со силна храна, или пак слаб заради работата што ја работи, се нафаќа да се фати за гуша со оваа голема работа на копањето на бунарот, да слезе долу и да ја најде жилата на која јас веќе толку многу мислев и веќе повеќепати го доживеав моментот на појавувањето на водата, иако копањето не беше ни почнато.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Долу се привршуваше и копањето на каналите до самите куќи и изградбата на сопствени шахти во дворовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А копањето на бунарот за кој ми пишуваш, особено доколку дојдеш до водата, не би било ништо помало дело...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој, дури, за копањето на бунарот ни ги потроши домашните пари, дури и моите и, една сума, што ѝ ја имав заштедено на помалата ќерка. Нѐ остави без никаква заштеда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Освен раскажувањата, макар и многу површни и колебливи, во моето семејство од колено на колено, за мојот предок, а исто така и меѓу жителите на селото, во овој случај имаше барем две совпаѓања: прво, човекот што го споменуваше Јохан Барт под името „Поцо“ беше од Маказар, од каде што потекнував и јас, а и парчето метал со написот „Поцо“ се најде во Маказар и второ, се потсетив и на тоа дека мајката на Надежда, старата, во една прилика пред да почнеме со копањето на бунарот, ми рече дека, според нејзиното сеќавање на раскажувањата на луѓе, на тоа место некогаш веќе постоел бунар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Значи, освен учеството во копањето на каналот, Георги Богданов не признавал дека зел активно учество во динамитните напади низ градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Земјата била ровка и копањето на каналот било лесно и брзо.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Главниот доказ, на пример, што ги товареле гемиџиите било нивното признание дека сите учествувале во копањето на каналот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Првин бил ископан трап длабок над три метра, а потоа продолжиле работите врз копањето на каналот, т.е. хоризонтално.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Марко Бошнаков потврдил дека спроти тргнувањето на „Гвадалкивир“ Шатев зел од неговиот дуќан „голема“ количина динамит и друг експлозивен запалив материјал и дека пред тоа зел учество во копањето на каналот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Одржувањето на бакалницата, копањето на каналот и снабдувањето со динамит биле ризични работи што барале луѓе, пари и време.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)