Кога непријателот навлезе наваму, жандармите ја напуштија куќата и се сневидоа некаде, а луѓето што сметаа дека од вратите и прозорците ќе имаат некаква полза - им ги удрија копачите и скепарите, па ги исподигаа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Станаа тие, облекоа чизми, зедоа лопати и копачи и отидоа на насипот, Фрлаа на процепот камења, дрвја, базје, вреќи со песок и го затинаа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Продолжи. На самиот крај од лединката - густеж. Слушна удари на копачи и исфрлување на земја.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога запре дождот, Цанул излезе, и по некаков кучешки осет, се упати право кон лозјето; се допре до колибата, го залепи окото на прозорчето, ја виде кожата кај што прета, го почувствува нивниот здив, го наслуша нивниот глас, нивното 'ржење и збивтање, му удри крвта во главата, му зашумеа ушите, го грабна копачот и почна да тропа на вратата: ”Излегувајте, мајчето ваше!“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Четвртиот ден ја отвори вратата од плевната и во неа влезе, во рацете со копач и лопата, со бургија, со кламфи и клинови, со колци и токмаци и тука чиниш во земја пропадна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Впрегнете ги сите интернет копачи и копачки. - Да го ангажираме и рудникот Хокно - викна падавичарот. - Удрете по серачите и стоката.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)