Во време на божиќни пости, во студените и куси доцнадекемвриски вечери, кога врапците, навечер, ќе се сплотеа во копите и под стреите, домаќинствата тргнуваа да ги ловат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За такциратот на соседите од Белоперевци, дувна едно ветерче откаде Смечот, та искрите од запалените сосови ги потфатија и блиските копи и кошари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ловиштето го покриваа со веленце и тивко, за да не ги возбудат врапците, за секого од домаќинството уловуваа по еден.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)