континуитет (имн.) - на (предл.)

Но би било вистинска творечка сатисфакција ако ја нема разликата во единственоста и континуитетот на моето чувствување и доживување на Рацина и неговата поезија.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Континуитетот на нашиот живот се одржува така, што е окружен со цврстата состојба на супстанцата на времето, кое траеше извесен период.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој не разбра дека континуитетот на една олигархија не мора да биде физички, ниту пак застана да помисли дека наследните аристократии биле секогаш кусовечни, додека пак приспособливите организации, каква што е Католичката црква, понекогаш опстојуваа стотици или илјадници години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко не му го откриваше на Климент Камилски својот крунски аргумент за да се откажат од проектот дека турцизмите, односно османизмите во подалечните времиња, останале како единствените сведоштва за историскиот континуитет на различните народи кои живееле во османскиот дел на Балканот, заемните влијанија меѓу балканските јазици кои придонесоа во создавањето заеднички менталитет олицетворен во балканскиот јазичен сојуз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овој јазик зачува сѐ што сметавме дека е вредно пред социјализмот (од кубизам до надреализам) кога постоеше континуитет на развој со остатокот од Европа од почетокот на овој век.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
1. Одговорност на работодавачот Како контиунитет на неразумната казнена политика на законодавецот во поглед на материјалната и прекршочната одговорност на работодавачите, од самостојноста на Република Македонија, па се 37 Со чл. 6 од ЗИДЗРО/дек.08 беше избришана ваквата можност за работодавачот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Татко посебно го плени Игоровото кажување за вечниот континуитет на животот во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во неговите мисли беше јасно, барем во однос на континуитетот на власта, дека едниот тоталитаризам минува во друг, при што како константна ја насетуваше институцијата на јаничарството и јаничарите, која си имаше своја историја уште од античките времиња на Балканот, првин со македонската фаланга, па Римската Империја, со преторијанската гарда.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сиот преостанат живот му го посвети на толкувањето на старите сиџили откривајќи ги нишките на прекинатите континуитети на бројни семејства на Балканот, со помешани корења, вери, судбини, семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)