конец (имн.) - од (предл.)

Гледал низ разбранетост на златни и зелени риги кон купот секакви глави, кон очите во кои животот со свој знак го обележил најтемното во човекот, суровоста, алчноста, себичноста, или само му се чинело дека гледа и дека знае колку им тежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За Авни, во миговите додека го пишуваше писмото до Сања, за да ѝ каже дека ја сака и дека секогаш ќе ја сака, беше сосема јасно оти влетал како граблива птица во час на вознес на еден посебен свет за кој не може да тврди разумски, но за кој во неговите гради се собираше клопче со разнобојни конци од чувства изврзани за тоа суштество што под неговата сила истовремено испушташе глас на зрела жена што раѓа и глас на штотуку родено дете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Отпарај, мајче, отпарај, конец од веленцето и со него да го бележиме патот за в дома... трагите прашина ќе ги покрие; патот водје ќе го излокаат... парај конец од веленцето за да знаеме по кој пат да се вратиме дома...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со ноже го распараа конецот од самарчето, го ставија внатре писмото, набрзина го сошија, и, како ништо да не било, се вратија назад и седнаа на буката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Огнот е секогаш свртен кон небото, вели и го одврзува конецот од урката. Зема кибрит да го пали. 148
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И не се зачудил: пред него стоеле најздравите и најрешителни кукулинчани, пенушки без нозе и со невидливи раце-гранки; зли биле, значајно мавтале со главите што не се држеле на ништо туку виселе на конци од магла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
9. Ами, грабнувањето на Јагна Машаловска, пред Водици, додека го сучеле конецот од куќата на ланскиот чувар на крстот, до куќата на новиот чувар на крстот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)