конвенција (имн.) - на (предл.)

Слично на клавирското дело Vexations (Досадување) на Ерик Сати, кој што може да се смета за прв концептуален композитор, драмата, акцијата, случувањата кај Empire се пренесени во аудиториумот, кадешто неупатениот гледач, навикнат на имплицитните конвенции на филмот (чекајќи нешто да се случи или тежнеејќи по навика да го изгледа филмот до крај) е соочен со еден вид изигрување.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова е најекстремен пример на тотално неекспресивен, чист (апсолутен) документаризам во историјата на филмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И не може насекаде, или било каде што ќе ти одредат случајните конвенции на историјата, да ја почувствуваш најголемата приврзаност за земјата, место во кое ќе ти се случи најбитното во животот, во согласие со вечниот ритам на природата, а не со наметнатите амблеми на еден друг живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова и слични дејствија, заедно со наративната структура која се измолкнува од сите конвенции на раскажување, се погрижија за тоа околу Burroughs одамна да се разидуваат мислењата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓу ова сино небо, кое ја одречува сета историја на земјата, со сите граници и храмови, со сите камени урнатини, и лицата на луѓето, загледани во вечноста на залезот на сонцето, нема никаде простор каде што би запрело нешто митско, историско, идеолошко.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)