Во пожарот изгореле сите манастирски конаци и скапоцените работи: книги, одежди, реликвии, амбарите со жито, бурињата со вино, бинлаците со ракија кои пукале како бомби.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И уште нешто, во информаторот прочитав дека во близина на манастирот се наоѓа и црква Света Богородица, со стари конаци и трпезарија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се зборуваше дека државата немала доволно пари, та затоа селаните им даваа конак и храна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Момците го однесоа Бошка во една од одаите на неговиот конак и го оставија таму затворен заедно со неговиот претсмртен страв.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Толе сето ова го глодаше од меѓата над конакот и ништо не му беше чудно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се тргна од пред згуснатоста на дождот. Се најде на чардакот од манастирскиот конак и ја крена иконата кон северното небо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)