Тој понатаму ѝ раскажуваше за неговите студентски денови во учителската школа во Скопје, за комуникацијата со Бранислав Нушиќ.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Се повлекувам уште повеќе во аголот, го повлекувам потегот, може ли се да вратам назад, си велам, велам на глас, а го слушам ехото, екотот на забрзаната цивилизација што сложно ми вели: Не! Нема назад!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Им ѕиркам во дното на душата низ очи: сенката е магијата на квадратот, удира егзија некаков нов геометриски знак, изместени се местата на играчите, страните на светот, правилниот распоред на редовите, дијагоналите, коњите, војниците, идеалот на магичниот квадрат за четворица и воопшто направена е материјална дигресија, чисто предавство на знаковната интервербална комуникација со слика, збор и звук.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Потребата да се обнови лектирното издание на Црни овци и да се приреди второ, редактирано и дополнето издание е, всушност, сведоштво за потребата на македонската јазична, културна и образовна средина, да биде во комуникација со наследените и со новите вредности на кусиот расказ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Аплаузот е откривање на можноста за слободна и непречена комуникација со стварноста од која актерот излегол пред само момент, два или повеќе.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
(...) Да не мислиш можеби и на несигурноста при комуникацијата со себеси, кога не си сигурен дали го слушаш вистинскиот „внатрешен глас“ или само ти се присторува?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Комуникацијата со успиеното тело е остварена со радикалната метода на соочување на човекот и техниката. 26 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)