комплетирање (имн.) - на (предл.)

Беше назначен во еден поткомитет на некој поткомитет, на некаква поткомисија, која пак беше произлегла од една од оние неброени комисии што се занимаваат со помалите потешкотии околу комплетирањето на Единаесеттото издание на Новоговорниот речник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Според генералот Хенри Вилсон НОВ и ПО на Југославија со своите активности можеле многу да помогнат „во комплетирањето на хаосот и конфузијата во која непријателските сили запаѓаат со нивните континуирани напади“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Чудно е што во моментот на комплетирање на оваа теорија ја дофатив токму оваа негова книга која долги години само фаќаше прашина на еден од рафтовите во мојот дом.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
После неколку рочишта и по комплетирањето на доказната постапка,5 судијката (С. Геровска Попчевска) – во јануари 2003 – донесе пресуда во корист на тужителката, со која делумно се усвојува нејзиното тужбено барање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)