Но игуменијата не била руменолика девојка да ѝ се радува и да се кити со кукурек и јаглики: доаѓа време кога јаболкниците ќе бидат нападнати од гасеници, а компирот од кртови и слепи кучиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Видите луѓе, за чудо големо! — вади компир од ваганката и им го покажува. — Та воа, ни е било, ни ќе биде нешчо послатко и поубаво . . . ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дури ни коренот во длабочина не ќе ѝ избега на кобата. Сеедно, доаѓала пролетта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Додека мајка ми со каленицата беше отидена да пушти вино, баба ми во едно чинивче ја стави другата половина од компирите од тавата и, како со потфрлање, им ги подаде на дедо ми и на татко ми.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Не подозираше особено татко ѝ, дедо Иван, кој инаку знаеше како да ги зачува компирите од 'ртење.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)