Со тоа, ако не се декларирате како народен уметник вие автоматски станувате болшевик и марксист, а штом сте тоа, вие немате духовен свет, не ја сакате татковината (многу години подоцна, откако заминав слушав сѐ уште коментари дека сум заминал затоа што не сум бил никаков патриот!), немате однос кон историјата и редовно имате руина од семејство.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И читам коментар дека постои можност во спалните соби да бидат инсталирани камери за следење на редовност на „онаквувањето“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Татко му ова го проследи со коментарот дека тој уште кога за првпат ја видел знаел дека таа вртиопашка отсекогаш била подготвена на такво нешто, но тој да не се грижи, туку по завршената работа да се врати во Софија, не во оној брлог во кој живееше со неа, туку во својот вистински, дедовски дом па тогаш „ќе се најде некое ново и умно решение”. За Константин З. сè стана безумно.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)