Збунети, со црвени образи, осамените срца се погледнуваа меѓу себе, секој со своја комбинација во сменувањето на буквите со конкретни имиња.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Си правеше семожни комбинации во мислите како да дојде до некаков излез од заробеното време со затворени граници?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Поаѓајќи од овие извори на инспирација, а преку слободните асонанции и од фантастичните и случајни комбинации во кои длабоката смисла е поврзана со бесмислицата, тој продолжува и понатаму до една подоцнежна и аристократска “мистификација”: токму “мистификација” на уметноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој не е само велесаем на техника, машини и индусриски производи, зашто преку своите специјални приредби знае да ве воведе во светот на детските играчки со фантастични комбинации во формата и употребата, кои детската фантазија, па и таа на возрасните, ја пренесуваат зграпчувачки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)