Се дава команда да ги собираме мртвите другари: дојде време и од нив да бараме помош.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Добивме команда да се повлечеме, јас бев на крајот и последна се повлеков.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се случи, меѓутоа, евразиската Висока команда да започне офанзива во Јужна Индија и да ја остави на мира Северна Африка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Побара, од сета војска да останат само триста души, а командата да ја земе забитот од редовната војска и да работи со неговата согласност. – Вие – им рече – ефендии, одете си и спијте си слободно.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)